• недела, 22 декември 2024

Тројца полицајци се повредени, а 40 лица се приведени за време на пропалестинскиот протест во Лондон

Тројца полицајци се повредени, а 40 лица се приведени за време на пропалестинскиот протест во Лондон

Лондон, 29 мај 2024 (МИА) - Тројца полицајци се повредени, а 40 лица се уапсени за време на синоќешниот пропалестински протест во Лондон, јави ДПА.

Протестот, организиран од неколку организации, вклучително и Палестинската солидарна група, започна околу 18 часот по локално време и требаше да заврши во 20 часот, соопшти полицијата.

Најголем дел од околу 10.000 собрани луѓе го напуштија плоштадот пред палатата Вајтхол без инциденти. Меѓутоа, останала група од околу 500 луѓе, а полицијата уапсила неколку за да ги растера.

Официјални лица за спроведување на законот рекоа дека некои од уапсените дале отпор при апсењето, поради што била потребна употреба на сила. Групата демонстранти кои останаа по дозволеното време на демонстрациите се обидоа да се упатат по улицата Бриџ кон метро станицата Вестминстер, но полициските кордони лоцирани во неговата област не дозволија протестот да продолжи понатаму.

Во полициското соопштение се вели дека четириесет лица се уапсени за различни прекршоци, вклучително и кршење на Законот за јавен ред, попречување на сообраќајот на автопат и напад на персоналот на службите за итни случаи. Околу 2 часот утринава сите демонстранти се разотидоа, а улицата Бриџ беше отворена, соопшти полицијата. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан