• недела, 19 мај 2024

Тројца обвинители од Тетово и двајца од Скопје вршат увид во ковид центарот во Тетово

Тројца обвинители од Тетово и двајца од Скопје вршат увид во ковид центарот во Тетово
Скопје, 8 септември 2021 (МИА) - Тројца обвинители од Основното јавно обвинителство во Тетово и двајца обвинители од Скопското јавно обвинителство се вклучени во увидот на модуларната болница во Тетово каде вечерва избувна пожар. - Тимот од петмина обвинители, заедно со екипи од надлежните институции, ги преземаат сите дејствија во насока на утврдување на причините за настанатиот пожар, информира вечерва Јавното обвинителство на Северна Македонија. бак/​

Остани поврзан