• понеделник, 23 декември 2024

Тројца обвинети за илегална трговија со дрога и амфетамин во Скопје

Тројца обвинети за илегална трговија со дрога и амфетамин во Скопје

Скопје, 25 март 2023 (МИА) - По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека поднесе обвинителен акт против три лица за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира Основното јавно обвинителство Скопје, двајца од обвинетите се гонат за продолжено извршување на кривичното дело, бидејќи во временскиот период од почетокот на ноември до средината на декември 2022 година, со умисла вршеле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело, искористувајќи ист траен однос и исти прилики. Тие, како што се наведува во соопштението, неовластено продавале наркотична дрога – марихуана и психотропна супстанца – амфетамин на зависници во Скопје. Додека, пак, третиот обвинет се гони за соизвршителство при последната продажба.

Според соопштението, на 25 декември во атарот на селото Катланово во Скопје, тројцата обвинети заедно, неовластено организирале и заради продажба држеле психотропна супстанца – амфетамин во вкупна нето маса од 7.044,4 грама, која  првиот обвинет ја понудил на продажба за сума од 15 000 евра.

-Кога се сретнале за да се реализира продажбата, другите двајца обвинети стоеле во непосредна близина за да известат доколку забележат движење или присуство на полиција.  При полициска акција, координирана од надлежниот јавен обвинител, обвинетите биле затекнати и се обиделе да избегаат. Сепак, полициските службеници ги лишија од слобода тројцата обвинети, а психотропната супстанција ја запленија, се наведува во соопштението на ОЈО.

Од Основното јавно обвинителство Скопје информираат дека дел од истата операција, во тек е постапка против уште едно лице, осомничено за помагање при извршување на кривичното дело, додека со едно осомничено лице кај кое беше откриено помало количество дрога вчера беше склучена предлог-спогодба со која тоа го признава делото.фф/лв/

Фото: МИА Архива

Остани поврзан