• недела, 22 декември 2024

Тројца македонски поети на фестивалот „Стих у регији“ во Хрватска

Тројца македонски поети на фестивалот „Стих у регији“ во Хрватска

Скопје, 26 јуни 2024 (МИА) - Младите македонски поети Ивана Јовановска, Андреј Медиќ Лазаревски и Павлина Атанасова од утре до недела ќе настапат на фестивалот „Стих у регији“ во Загреб.

Ова гостување е дел од соработката за размена на автори меѓу Хрватското друштво на писатели (ХДП) од Загреб и издавачката куќа ПНВ Публикации од Скопје.

Тројцата автори ќе се претстават со нивната поезија пред загребската публика, а во рамки на фестивалот ќе се одржи и посебен настан – разговор за нивната поезија, што ќе го модерираат Иван Херцег, директор на фестивалот, и Славомира Рибарова.

„Стих у регији“ е еден од најзначајните поетски фестивали во регионот, а настаните ќе се одржат во Загреб, во Вараждин и во Врбовец. Покрај македонските и хрватските поети, ќе настапат и поети од Велика Британија, БиХ, Бугарија, Италија, Србија, Украина и Словенија.

Гостувањето на младите поети е помогнато од Министерството за култура. бт/бак/

Фото: ПНВ Публикации

 

Остани поврзан