• среда, 06 ноември 2024

Тројца загинати при уривање зграда во Карачи

Тројца загинати при уривање зграда во Карачи
Карачи, 21 октомври 2020 (МИА) - Најмалку три лица загинаа, а 15 се повредени во експлозија на повеќекатница во јужниот дел на пакистанскиот град Карачи, соопшти полицијата на тој град. Како што пренесуваат медиумите, сè уште не е јасно што ја предизвикало експлозијата, но изгледало како несреќа предизвикана од неисправна плинска боца. Некои луѓе сè уште се заробени под урнатините, според Сад Еди, портпарол на службата за итна помош. Саџид Садозај, висок полициски службеник во Карачи, потврди дека починале три лица. На ТВ-снимките може да се види како спасувачите се обидуваат да се пробијат низ урнатата зграда за да стигнат до затрупаните. паг/    

Остани поврзан