• среда, 25 декември 2024

Тројца загинати во пожар во стан во Шпанија

Тројца загинати во пожар во стан во Шпанија

Мадрид, 4 април 2024 (МИА) – Три лица загинаа, а 15 се повредени во пожар во стан во Шпанија, соопштија денеска локалните власти.

Пожарот се случил во крајбрежниот град Вилајојоса во провинцијата Аликанте на истокот на земјата. Повеќето од повредените страдале од вдишување чад, но сега се безбедни и добро.

Според официјалните информации, загинале петгодишно дете и таткото и бабата на детето.

Службите за итни случаи соопштија дека пожарот избувнал во стан на 11-ти кат околу 2 часот по полноќ и бил изгаснат по околу пет и пол часа.

Причина за пожарот е преоптоварен штекер во дневната соба.

Вилајојоса е приморско одморалиште на Медитеранот со население од нешто помалку од 35.000 жители и се наоѓа во регионот на Валенсија.

Вкупно десет лица загинаа во големиот пожар во високите згради во истоимениот главен град на популарниот регион за одмор на 22 февруари. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан