• понеделник, 23 декември 2024

Пратениците од фракцијата на ДУИ поднесоа иницијатива за отстранување на дефиницијата „20 проценти за употреба на албанскиот јазик“ од Уставот

Пратениците од фракцијата на ДУИ поднесоа иницијатива за отстранување на дефиницијата „20 проценти за употреба на албанскиот јазик“ од Уставот

Скопје, 23 мај 2023 (МИА) - Тројцата пратеници во Собранието, Изет Меџити, Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи, кои се дел од Фракцијата на ДУИ, денеска иницираа уставни измени што се однесуваат, како што наведуваат, на „бугарското прашање“, но и за „отстранување на дефиницијата 20 проценти во однос на употребата на албанскиот јазик“.

Предлогот до Комисијата за уставни измени при Министерството за правда со потписот на тројцата пратеници, го поднесе потпретседателот на Форумот на млади на Демократската унија за интеграција и дел од Фракцијата, Јетмир Асани.

- Со оваа иницијатива уште еднаш го потврдуваме нашиот став дека сме за уставни измени во однос на бугарското прашање и силно стоиме на европскиот пат. Но, во исто време цениме дека е политички момент дефиницијата „20 проценти за албанскиот јазик“ да се тргне од Уставот, бидејќи Уставот не се отвора секој ден, а сега имаме можност истовремено да го ставиме спроведување на албанскиот јазик на неговото вистинско место, изјави Асани пред поднесесувањето на предлогот. фф/сп/

Фото: Фракција на ДУИ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан