• петок, 22 ноември 2024

Тројцата космонаути од Меѓународната вселенска станица безбедно се вратија на Земјата

Тројцата космонаути од Меѓународната вселенска станица безбедно се вратија на Земјата
Москва, 22 октомври 2020 (МИА) - По шестмесечната мисија на Меѓународната вселенска станица тројца космонаути безбедно се вратија на Земјата. Космонаутот на НАСА, Крис Касиди и космонаутите на Роскосмос, Анатолиј Иванишин и Иван Вагнер слетаа во степина на Казахстан, југоисточно од Жесказган. По медицинскио преглед тројцата космонаути со хеликоптер ќе бидат префрлени до Жесказган, од каде ќе заминат дома. Касиди, Иванишин и Вагнер поминаа 196 денови во Вселената. Астронаутот на НАСА, Кејт Рубинс и астронаутите Сергек Рижиков и Сергеј Куд-Сверчков од Роскосмос пред една недела пристигнаа на Меѓународната вселенска станица, каде ќе претстојуваат шест месеци. ми/

Остани поврзан