• четврток, 26 март 2026

Тројцата кандидати за градоначалник на Општина Чешиново-Облешево го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

Тројцата кандидати за градоначалник на Општина Чешиново-Облешево го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори

Кочани, 27 септември 2025 (МИА) - Тројцата кандидати за градоначалник на Општина Чешиново-Облешево синоќа во просториите на Општината го потпишаа Кодексот за фер и демократски избори, согласно Изборниот закон и роковникот, изготвен од ДИК.

Јорданчо Костадинов е кандидат за градоначалник на Општина Чешиново - Облешево од редовите на ВМРО - ДПМНЕ, Горанчо Крстев на СДСМ, додека Сане Јованов го носи статутот независен кандидат подржан од група избирачи.

Со потпишувањето на овој Кодекс, потписниците се обврзаа дека ќе се придржуваат кон правилата и етички ќе го почитуваат изборниот процес. ис/нд/

Фото: МИА

Остани поврзан