• петок, 22 ноември 2024

Тропската бура Берил се формира во Атлантскиот Океан

Тропската бура Берил се формира во Атлантскиот Океан

Бриџтаун, 29 јуни 2024 (МИА) - Тропската бура Берил денеска се формира во Атлантскиот океан и би можела да стане првиот ураган во годината пред да стигне до Карипското Море на почетокот на следната недела.

Метеоролошката служба на Барбадос рано утринава издаде предупредување за ураган за земјата.

Берил е втората именувана бура во Атлантскиот Океан оваа сезона на урагани, која обично трае од 1 јуни до 30 ноември. На почетокот на месецов тропската бура Алберто го погоди брегот на североисточно Мексико со поројни дождови во кои загинаа четири лица.

Според Националниот центар за урагани во Мајами, Берил се движи кон запад. Максималната брзина на ветерот е 64 километри на час.

Тропската бура се карактеризира со постојани ветрови меѓу 62 и 117 километри на час. Ветровите над оваа вредност ја претвараат во ураган. паг/

Фото: МИА архива
 

 

Остани поврзан