• понеделник, 23 декември 2024

Тркалезна маса „Унапредување на квалитетот на инклузивното образование на децата со попреченост“

Тркалезна маса „Унапредување на квалитетот на инклузивното образование на децата со попреченост“
Скопје, 19 април 2022 (МИА) - Во организација на канцеларијата на Народниот правобранител денеска во Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Унапредување на квалитетот на инклузивното образование на децата со попреченост“. Воведни обраќања ќе имаат народниот правобранител Насер Зибери, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Во рамките на тркалезната маса, на темата „Инклузивно образование, состојба, предизвици и идни чекори“ ќе зборуваат Васка Бајрамовска - Мустафа, државен советник во канцеларијата на Народниот правобранител, Оддел за заштита на правата на детето и лица со попреченост, Горан Петрушев, раководител на Службата за функционална проценка на деца и млади при ЈЗУ Здравстевн дом Скопје,  Марија Делетиќ и Билјана Стерјадовска Стојческа, директор и координатор од ОУРЦ „д-р Златан Сремец“. Учество ќе земат и Мирјана Дамњановиќ, директор на ОУРЦ „Маца Овчарова“, Љиридон Бафтији, в.д. директор на ЈУ МЦСР на Град Скопје како и Александра Божинова, локален координатор за лична асистенција од Црвен крст Скопје. дма/са/

Остани поврзан