• понеделник, 23 декември 2024

Тркалезна маса „Важноста на учеството на жените во креирањето на политики насочени кон адаптација на климатските промени”

Тркалезна маса „Важноста на учеството на жените во креирањето на политики насочени кон адаптација на климатските промени”

Скопје, 31 октомври 2023 (МИА) - Во организација на Сојуз-Национален совет за родова рамноправност (НСРР) денеска ќе се одржи тркалезна маса „Важноста на учеството на жените во креирањето на политики насочени кон адаптација на климатските промени”.

-Што се климатските промени и зошто се важни? Зошто учеството на жените е важно во овој контекст?Кои се предизвиците на климатските промени за жените во вашата област? Како учеството на жените може да помогне во адаптација на климатските промени? Како може градењето на политики подобро да
ги вклучи жените? Кои се главните предизвици за жените во учеството на адаптацијата на климатските
промени?, се дел од прашањата кои ќе бидат дискутирани.

Сојуз-Национален совет за родова рамноправност претставува национална, мултиетничка, мултигенерациска, креативна мрежа ориентирана кон иднината и посветена на постигнување родова еднаквост, развој, заштита на женските/човекови права и мир. Во согласност со Стратегијата на НСРР, целта на годишната програма е да придонесе кон родова рамноправност и почитување на човековите права во Република Северна Македонија. Специфично во текот на 2023 година со поддршката обезбедена од ЕУ, НСРР се стреми кон вклученост и активно учество на жените во
процесите на прилагодување кон климатските промени.фф/лв/

Фото: НСРР

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан