• недела, 22 декември 2024

Три четвртини од рибите во Нил имаат микропластика во себе

Три четвртини од рибите во Нил имаат микропластика во себе
Копенхаген, 1 јуни 2020 (МИА) - Дури 75 отсто од рибите кои живеат во Нил, во своите тела имаат микропластика, покажуваат најновите истражувања околу загадувањето во најдолгата река во светот. Испитувањето го иницираше британската телевизија „Скај њуз“ со помош на египетски и британски научници, а тоа се спроведе во лабораторија во Данска. Сѐ тоа траеше повеќе од два месеца, при што е испитана загаденоста долж целиот тек на реката, надополнето со изјави на земјоделците, политичари, научници, ветеринари... Фактите говорат дека реката е загадена долж целиот свој тек - од езерото Викторија од каде што истекува, до вливот во Средоземното Море. Густината на микропластика во рибите и големиот процент зафатени риби е сериозна основа за загриженост околу иднината на водниот живот во Нил. Притоа, пластиката најдена во рибите, поточно делови од неа можеа да се видат и со голо око. Микропластиката привлекува отровни материи, што значи дека, најверојатно, во телото на тие риби има и пестициди и други загадувачи. си/сд/

Остани поврзан