• понеделник, 23 декември 2024

Три седмоодделенки од ООУ „Лазо Трповски“ во финалето на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио

Три седмоодделенки од ООУ „Лазо Трповски“ во финалето на Меѓународниот литературен натпревар за млади во Токио
Скопје, 30 септември 2021 (МИА) - Три седмоодделенки од основното училиште „Лазо Трповски“ се пласираа во финалето на Меѓународниот литературен натпревар за млади 2021 во Токио, Јапонија, кој се одржува во рамки на одбележување на „Деценијата на Обединетите нации за одржлив развој на образованието“. Со прозни лични творби напишани во форма на есеј на тема „Која е смислата на животот?“, на овогодинешниот глобален проект кој се реализира од 2020 до 2030 година и во него активно се вклучени сите земји-членки на УНЕСКО, трите седмоодделенки Лара Станчева, Милена Милошевска и Тамара Ѓоќеска ќе го претставуваат училиштето координирани од наставникот по германски јазик, Стефан Симовски. Како што информираат од училиштето, ООУ „Лазо Трповски“ осми пат учествува на овој реномиран натпревар на кој досега има освоено две награди. Финалистите од целиот свет, независно од конечниот пласман, согласно одлуката на жирито, добиваат признанија за учество, а конечните резултати организаторот ќе ги објави на 1-ви ноември годинава. Покровител на натпреварот е министерот за образование, култура, спорт, наука и технологија на Јапонија. Натпреварот е во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио. ар/лв/

Остани поврзан