Три порази на македонската баскет 3×3 репрезентација на Медитеранските игри на плажа
- Македонската баскет 3×3 репрезентација со три порази во рамки на групата А го заврши настапот на Медитеранските игри на плажа.

Ираклион, 11 септември 2023 (МИА) – Македонската баскет 3×3 репрезентација со три порази во рамки на групата А го заврши настапот на Медитеранските игри на плажа.
Во воведниот натпревар македонската репрезентација загуби од Косово со 12-14, во второто коло беше поразена од Хрватска со 11-18, а во завршното коло претрпе синоќа пораз од домаќинот Грција со 7-21.
Домаќин на третите под ред Медитеранските игри на плажа од 9 до 16 овој месец е градот Ираклион на грчкиот остров Крит. ег/дма/
Фото: Фејсбук