• петок, 05 декември 2025

Три пожари активни во Светиниколско

Три пожари активни во Светиниколско

Свети Николе, 9 јули 2025 (МИА) – Во Светиниколско во моментов има три пожари информира за МИА, градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев. Пожар има во село Делишнци, кај село Орел и во градот Свети Николе.

На терен се сите пожарникари, односно 17 колку што брои Територијалната Противпожарна единица, доброволците од Доброволното Противпожарно друштво во Свети Николе и месното население, кое е вклучено во гаснење на пожарот.

Владев вели дека на помош пристигнале и пожарникари од ТППЕ-Штип. Проблем претставува силниот ветар, кој во село Делишинци дува и 80 километри на час. Ова село во моментов е безбедно и гори сува трева, ниско стеблисти дрвја. Владев вели дека според првичните информации пожарите се настанати од искрење на жици. вдј/аа/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан