Три медали за делчевскиот кикбоксер Стојчевски
- Делчевскиот кик-боксер Павел Стојчевски освои еден сребрен и два бронзени медали на турнирот Гран-при Сараево 2022 кој викендов се одржа во главниот град на Босна и Херцеговина. Младипт кик-б
Делчево, 27 февруари 2022 (МИА) - Делчевскиот кик-боксер Павел Стојчевски освои еден сребрен и два бронзени медали на турнирот Гран-при Сараево 2022 кој викендов се одржа во главниот град на Босна и Херцеговина. Младипт кик-боксер како што информираше неговиот тренер Љупчо Стојчевски викендов настапи како дел од македонската кик-боксинг репрезентација.
- Двата бронзени медали Павел ги освои во дисциплината ,,лајт-контакт” (-57кг) и (-63кг), додека сребрениот медал во ,,поинт-фајт” (-57кг). Со тоа им се придружи на останатите медалисти од Македонската кик-боксинг репрезентација која освои 10 златни 4 сребрени и 7 бронзени медали, рече Стојчевски.
Изрази задоволство од постигнатиот резултат, со оглед, на како што додаде силната конкуренција.
На реномираниот турнир во Сараево настапија натпреварувачи од Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Црна Гора, Словенија, Македонија, Турција, Унгарија, Германија и Молдавија. вс/