• понеделник, 25 ноември 2024

Три лица убиени во украински напад со дрон врз рускиот регион Курск

Три лица убиени во украински напад со дрон врз рускиот регион Курск

Москва, 11 април 2024 (МИА) - Три лица, меѓу кои две деца, загинаа во напад со украинско беспилотно летало врз западниот руски регион Курск, напиша регионалниот гувернер Роман Старовојт на својот канал Телеграм, цитиран од ДПА.

Гувернерот појасни дека дронот фрлил експлозивна направа врз автомобил со цивили во селото Апанасовка, на неколку километри од украинската граница.

Старовојт подоцна соопшти за нови напади со беспилотни летала. 

Воздушна тревога е прогласена и во соседната област Вороњеж.

-Денеска, во раните утрински часови, украински дрон падна врз болница во изградба во руската област Липецк, предизвикувајќи пожар што брзо беше изгаснат, изјави регионалниот гувернер Игор Артамонов.

Тој  на Телеграм изјави дека во нападот нема жртви и штета. Гувернерот не објасни дали дронот бил пресретнат пред да падне.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан