• понеделник, 23 декември 2024

Три бизнис решенија победници на Наградата за социјално претприемништво

Три бизнис решенија победници на Наградата за социјално претприемништво
Скопје, 13 октомври 2021 (МИА)„Хербална куќичка Билкилајф“, „О-круг“ и  „Мали истражувачи“ се новите победници кои со своите бизнис решенија освоија парична награда од Шпаркасе Банка, како победници на Наградата за социјално претприемништво – Social Imapct Award 2021. Тимот од „Хербална куќичка Билкилајф“ замислува „Билкилајф“ да биде место за релаксација на умот и телото, преку разни форми и содржини-туристички услуги. Основата на сите услуги, програми и активности се билките, а во нив учествуваат и можат да ги користат лицата со попреченост. „О-круг“, здружение кое работи во полето на реупотреба на отпад од храна и во суштина ќе произведува есенцијални масла и природни освежувачи од отпадна кора од портокал. Отпадните лушпи ќе бидат собирани преку партнерства со локалните кафетерии, џус и смути барови, потоа преработени и од нив ќе се произведува есенцијално масло и природни освежувачи за воздух. Третиот тим кој ја понесе наградата на жирито е „Мали истражувачи“, проект од Македонски брод кој работи во областа на одржлив туризам и се залага за здрав живот. Идејата е отворање на првото еко-игралиште за деца или а како дел од игралиштето е и зеленчукова градина, каде децата ќе имаат можност да научат за одгледувањето на истите или пак да си наберат свежи плодови. Четвртото победничко решение избрано преку он-лајн гласање е проектот “EnergуBox “, воден од Натали Велеска, чиј тим ќе добие дополнителна менторска и консултантска поддршка од компанијата Бизнис Импакт Лаб. Наградата за cоцијално претприемништво претставува едукативна програма и натпревар за претприемачки идеи меѓу студентите и младите во Северна Македонија. Претставените идеи во рамките на програмата имаат потенцијал да бидат развиени и имплементирани како иновативно решение во областа на социјалното претприемништво. Целта на програмата е да се зголеми интересот меѓу младите за оваа област, како и да се поттикнат да размислуваат за создавање социјални бизниси. ар/цр  

Остани поврзан