Тричковски: Настап на ЕП е сон на целата нација
- Во пресрет на неделниот натпревар (18 часот) со Австрија, македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски на денешниот брифинг со новинарите, рече дека со пласманот на Европското прве

Букурешт, 11 јуни 2021 (МИА) – Во пресрет на неделниот натпревар (18 часот) со Австрија, македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски на денешниот брифинг со новинарите, рече дека со пласманот на Европското првенство е остварен сонот на нацијата.
- Одиграв одлична сезона во Кипар, постигнав многу важни голови. Тоа претставува дополнителен мотив за претстојното Европско првенство. Настап на едно вакво големо натпреварување е остварување на сонот на цела нација. Треба да продолжиме таму каде што застанавме. Ќе го дадеме максимумот на секој натпревар и ќе се бориме до крај за дресот со државен грб. Селекторот секогаш го има последниот збор, тој одлучува кои 11 фудбалери ќе го започнат натпреварот. Атмосферата во националниот тим е одлична. Сите со нетрпение очекуваме да започне првенството, истакна Тричковски.
Во Ц-групата покрај овие две репрезентации се наоѓаат и Холандија и Украина. зс/