• понеделник, 23 декември 2024

Трите нуклеарни централи под контрола на Украина исклучени од електричната мрежа по нови руски напади

Трите нуклеарни централи под контрола на Украина исклучени од електричната мрежа по нови руски напади
Киев, 23 ноември 2022 (МИА) - Сите три нуклеарни централи кои сè уште се под контрола на Украина се исклучени од електричната мрежа, соопшти денеска украинскиот нуклеарен оператор, по нови руски воздушни напади врз државата. Енергоатом во соопштението наведува дека нападите ги активирале протоколите за вонредни состојби во нуклеарните централи Ривненска, Пивденноукраинска и Хмељницка и оти „како резултат... сите реактори автоматски се исклучени“ од електричната мрежа. бд/

Остани поврзан