• четврток, 26 март 2026

Трипуновски: Сериозен раст на производството на винско и трпезно грозје

Трипуновски: Сериозен раст на производството на винско и трпезно грозје

Скопје, 26 септември 2025 (МИА) - Бележиме сериозен раст во производството на винско и трпезно грозје. Податоците покажуваат значителен напредок споредбено со минатата година. Лани вкупната берба на македонското грозје изнесуваше околу 85 милиони килограми, од кои 65 милиони килограми беа откупени од индивидуални земјоделци, а до денешниот ден бербата на винското грозје е над 96 милиони килограми, вели министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.

Според него, со оглед дека се уште трае откупот се очекува бербата да заврши со над 110 милиони килограми винско грозје.

-Зголемувањето на приносот се должи на тоа што преку АД „Водостопанство“ се обезбеди навремена и доволна количина вода за наводнување. Ние за овие над 110 милиони килограми винско грозје ако земеме просечна цена од 0,30 евроценти, значи некаде околу 33 милиони евра ќе влезат директно кај македонските производители. Клучот на успехот лежи не само во зголемувањето на откупните цени, туку и во истовремено зголемување на квантитетот на производството на грозје, рече Трипуновски во поткастот „Проверитас”. мч/вј/

фото: МЗШВ

 

 

Остани поврзан