Трипуновски: Рејтингот на СДС паѓа толку ниско што го пробива секое дно
- Љупчо Николовски се јави, навистина се јави. Кој за што, Љупчо за мене!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од објавата на Фејсбук на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 18 април 2026
Љупчо Николовски се јави, навистина се јави. Кој за што, Љупчо за мене!, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од објавата на Фејсбук на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, што МИА го пренесува интегрално.
Нејсе, да му одговорам. Политички непостоиш, а партија во која си само обичен инвентар, полека ја снемува. Рејтингот ви паѓа толку ниско што го пробивте секое дно!
Интерпелацијата за мене што си ја поднел е толку нелегитимна, како што ти си нелегитимен во СДС.
Интерпелацијата ќе биде исто толку неуспешна како твојот мандат како министер за земјоделство и како антикорупционер!
Толку безначајна како што беше безначајна и твојата заплената на ДУРИ 30 килограми путер.
Линк од фб објава:
https://www.facebook.com/share/p/19nem7u3Yz/?mibextid=wwXIfr
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Фото: МИА архива и принтскрин
