• сабота, 31 јануари 2026

Трипуновски од Велес: Шест милиони денари за ревитализација на езерото „Младост“

Трипуновски од Велес: Шест милиони денари за ревитализација на езерото „Младост“

Скопје, 31 јануари 2026 (МИА) - Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денеска информира дека за реализација на активностите за ревитализација на езерото „Младост“ обезбедена е финансиска поддршка од шест милиони денари од Програмата за водостопанство. 

 -Денеска извршив увид на активностите за ревитализација на езерото „Младост“, кое се чисти за првпат по 60-тина години. Согласно планираните активности, во тек е фаза на механичко отстранување на сувите наслаги и трската од крајбрежниот појас на езерото „Младост“, во соработка помеѓу АД „Водостопанство“ и ЈПВ „Лисиче“ – Велес, со поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. За реализација на активностите, обезбедена е вкупна финансиска поддршка од 6.000.000 денари од Програмата за водостопанство, соопшти министерот преку социјалните мрежи. 

Нагласува дека работат на ревитализација на езерото „Младост“, со цел подобрување на квалитетот на водата и дополнување на акумулацијата со свежа вода. фф/вг/

Фото: Фејсбук на Цветан Трипуновски 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан