• недела, 22 декември 2024

Трипуновски: Доделени 56 договори за поддршка на локални настани и саеми

Трипуновски: Доделени 56 договори за поддршка на локални настани и саеми

Скопје, 5 јули 2024

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски денеска 05.07.2024 година додели 56 договори за поддршка на локални настани и саеми.

- Од 2008 година, нашата посветеност за поддршка на локални настани и саеми неверојатно порасна. Она што започна со еден корисник сега се прошири на 56 одобрени договори, покажувајќи ја различноста и богатството на македонските земјоделски традиции, изјави Трипуновски.

Некои од локалните манифестации имаат голем континуитет на одржување како што се: Деновите на кочанскиот ориз и македонскиот мед до иновативните нови саеми како Саемот на автохтони сорти везенка и науката во функција на развојот, секој настан ја одразува нашата длабоко вкоренета страст за земјоделството и руралниот туризам. 

- Во новиот концепт се предвидени поголема финансиска поддршка, вклучување повеќе млади луѓе, зајакнување на положбата на жените во руралните области и поттикнување на културниот туризам. Заедно, имаме за цел да ги подигнеме земјоделството на завидно ниво во Македонија и да го подобриме руралниот живот, заврши Трипуновски.

 

Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски

________________________________________________________________________________________ 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан