• сабота, 29 јуни 2024

Триесет и една единица крв собрани во крводарителска акција во Кавадарци 

Триесет и една единица крв собрани во крводарителска акција во Кавадарци 
Кавадарци, 22 ноември 2022 (МИА) - Триесет и една единица крв беа обезбедени во денешната крводарителска акција во Кавадарци, информираа попладнево од кавадаречкиот Црвен крст.
- Во организација на Црвен крст на Република Северна Македонија, Општинска организација Кавадарци, на Универзитетот „Гоце Делчев“ со седиште во Штип, дисперзирани студии Кавадарци, се одржа 11 по ред доброволна крводарителска акција, во која учествуваа членовите на Ротари клуб, студенти и вработени од факултетот и останати граѓани од Кавадарци, соопштија од Црвен крст Кавадарци, дополнувајќи дека оваа акција станала традиционална.
Оттаму додадоа дека одговорните од Ротари клуб ја поддржале акцијата и со обезбедување на подароци и појадок за крводарителите. свд/ар/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан