Триесет дена притвор за 47-годишник кај кого беше најдена минилабораторија и кокаин
- Судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово денеска му определил мерка притвор од 30 дена на 47-годишникот кој вчера беше приведен откако полицијата му најде минилабораторија и кокаи
Тетово, 19 ноември 2022 (МИА) - Судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово денеска му определил мерка притвор од 30 дена на 47-годишникот кој вчера беше приведен откако полицијата му најде минилабораторија и кокаин во неговиот дом во Слатино.
-При претрес извршен со судска наредба вчера во неговиот дом во Слатино беше пронајден кокаин и минилабораторија во која се подготвувал кокаинот за продажба, три дигитални ваги, друга прашкаста материја и рамка со осум куршуми пиштолска муниција калибар 7, 62 милиметри, по што Џ.Н. беше лишен од слобода и задржан во Полициската станица Тетово за документирање на случајот, а потоа му беа изготвени поднесоци по членовите 215 и 396 од Кривичниот законик, потенцираат од тетовската полиција.
По изрекување на мерката притвор тој е сприведен во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување. ас/хс/