• петок, 22 ноември 2024

Трибина: Со мултиресорски пристап и менување на стереотипите против насилството врз жените

Трибина: Со мултиресорски пристап и менување на стереотипите против насилството врз жените
Скопје, 7 декември 2020 (МИА) – Насилството врз жените не смее да биде „традиција“, мора да се работи мултисекторски и да се надминуваат стереотипите, порачаа учесниците на онлајн трибината „Молкот не е решение!“ што вечерва ја организираше Форумот на жени на СДСМ. Според министерката за одбрана Радмила Шекеринска, добри закони, решителни институции, нови правила на интернет платформите и менување на родовите стереотипи, се четирите клучни политики за борбра против насилството врз жените. -За жал, дури и континентот кон кој гледаме со восхит или го сметаме за репер, не нуди сјајни резултати. Една од три жени во ЕУ денес кажува дека била изложена на насилство, 22 отсто или една од пет претрпеле насилство од некој свој близок, преку 50 отсто претрпеле сексулано вознемирување, а во секоја земја на ЕУ и денес се констатира дека онлајн вознемирувањето е повеќе насочено кон жените, посочи Шекеринска. Министерската за образование, Мила Царовска рече дека вистинските промени се случуваат во образовниот систем. -За да постигнеме вистинска родова рамноправност, треба и мажите и жените, а тоа се идните генерации, да разберат зошто е важно сите да седнат на иста маса и да донесуваат заеднички одлуки, а насилството да не биде присутно на ниту едно ниво – ниту во семејството, ниту надвор од него. Кога зборуваме за насилство врз жените сите се фокусираме на насилство во домот, но голем дел се случува и надвор, на работно место, во дискусии, дебати, во јавниот простор, медиусмкот простор и на интернет, истакна Царовска. Сексуланото образование, потенцира министерката, е вистинската промена и инвестиција за превенција од насилство врз жените или за родова рамноправност. Министерот за правда, Бојан Маричиќ најави нови законски решенија кои предвидуваат право на паричен надомест за жените кои претрпеле насилство, но регулирани ќе бидат, првпат, и половиот напад, половото вознемирување, како и демнењето, силувањето, присилбата. Во Закон, дополни Маричиќ, ќе бидат вметнати и стандардите од Истанбулската конвенција. -Во нашата државата секогаш социјалдемократите биле тие што исчекорувале напред и го кршеле мразот. Секогаш во овој сегмент сме го оставале противникот далеку зад нас. На општеството му се потребни борци за правата на жените, неопходна ни е акција на национално ниво. Насилството врз жените не смее да е „традиција“, зашто во основа е груба повреда на човековите права и дискриминација. Жената не смее да е казнувана со насилство зашто има право слободно и самостојно да одлучува, нагласи Маричиќ. Тој како многу важна ја посочи и потребата од дополнителна едукација и обука на повеќе нивоа, но најмногу, како што рече, во сферата на судиите и јавните обвнители. На онлајн трибината се обрати и премиерот Зоран Заев кој порача дека родовата еднаквост е високо на агендата на СДСМ, но и на агендата на Владата. Зборуваа и инистерката за труд, Шахпаска, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, како и министерот за здравство, Венко Филипче. мч/скс/

Остани поврзан