• понеделник, 23 декември 2024

Трет јавен состанок на АВМУ, презентирани состојбите и преземените мерки на радиодифузниот пазар

Трет јавен состанок на АВМУ, презентирани состојбите и преземените мерки на радиодифузниот пазар

Скопје, 28 септември (МИА) - Најчестите прекршувања  кај радиодифузерите за 2020, 2021 и 2022 година се однесуваат на непочитување на правилата за заштита на малолетните лица и неемитување најмалку 30 проценти програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, информираше Сања Филиповска од Секторот за правни работи и јавни набавки  при Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешниот  јавен состанок на АВМУ. 

Кај операторите на јавните комуникациски мрежи, пак, прекршувањата се во однос на реемитување на програмски сервиси кои не се опфатени со потврдите за регистрација на програмски сервиси издадени од Агенцијата. 

Во трите години изречени се вкупно 143 јавни опомени и поведени 17 прекршочни постапки за радиодифузерите, додека за ОЈЕКМ 35 јавни опомени и 8 прекршочни постапки. На оваа тема, како што соопшти АВМУ, беше отворена дискусија со цел да се утврдат причините за прекршувањата и да се дадат препораки на што радијата и телевизиите да посветат повеќе внимание во иднина за да се зголеми степенот на почитување на законските обврски.

На третиот јавен состанок директорот на АВМУ Зоран Трајчевски направи пресек на реализираните активности согласно Годишната програма за работа во изминатите три месеци. 

-Присутните имаа можност да слушнат за активностите поврзани со спроведените надзори врз радиодифузерите, операторите на јавни електронски комуникациски мрежи (ОЈЕКМ), давателите на АВМУ по барање и издавачите на печатени медиуми, изречените мерки јавна опомена, изработените истражувања, како и активностите на полето на меѓународната соработка, вечат од АВМУ. лв/бак/

Остани поврзан