• сабота, 08 март 2025

Трет правосуден форум за родова еднаквост и правосудството во Западен Балкан

Трет правосуден форум за родова еднаквост и правосудството во Западен Балкан

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - Третиот правосуден форум за родова еднаквост и правосудството во Западен Балкан ќе се одржи денеска во Скопје, во пресрет на одбележувањето на 75-годишнината од Европската конвенција за човековите права. 

Форумот е организиран од АИРЕ Центарот (AIRE Centre), во партнерство со Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и Британската амбасада во Северна Македонија.

Форумот, како што велат организаторите, ги обединува домашните и меѓународните судии, обвинители, владини претставници и правни експерти со цел да дискутираат за улогата на правосудството во справувањето со родово-заснованото насилство и фемицидот.

На Форумот ќе учествуваат потпретседателката на Европскиот суд за човекови права,  судијката Ивана Јелиќ,  програмската директорка за Западен Балкан во АИРЕ Центарот, Билјана Брејтвеит и заменик-шефот на Мисијата на Британската амбасада во Северна Македонија, Даниел Филер.

На Форумот, според најавата од организаторите, ќе говорат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за правда Игор Филков и специјалната претставничка на генералниот секретар на ООН и шефица на Мисијата на ООН во Косово, Каролин Зиадех. дма/лв/

Фото: Принскрин

Остани поврзан