Трето место за екипата на Црвен крст - Кочани на Државниот натпревар по прва помош во Гостивар
- Екипата по прва помош на Општинска организација Црвениот крст - Кочани освои пехар за 3-то место на 31. Државен натпревар на екипи по прва помош што вчера се одржа во Гостивар, информираат од Општинската организација од Кочани.
Кочани, 21 септември 2025 (МИА) - Екипата по прва помош на Општинска организација Црвениот крст - Кочани освои пехар за 3-то место на 31. Државен натпревар на екипи по прва помош што вчера се одржа во Гостивар, информираат од Општинската организација од Кочани.
Младите демонстрираа знаење и вештини за укажување прва помош при симулирани сценарија на повреди. На натпреварувањето учествуваа 10 екипи од различни градови, кои се покажаа како најдобри на регионално ниво, се наведува во соопштението.
Настанот го организираа Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвен крст Гостивар. ис/
Фото: Црвен крст Кочани