• среда, 28 јануари 2026

Трета работна средба на Ангелов со претставници на доброволни противпожарни друштва

Трета работна средба на Ангелов со претставници на доброволни противпожарни друштва

Скопје, 27 јануари 2026 (МИА) - Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов денеска, заедно со тим од Дирекцијата, одржа работна средба со претставници на дел од доброволните противпожарни друштва (ДПД) во пресрет на сезоната на пожари.

Покрај разгледување на стратешката рамка за соработка со ДЗС на општинско, регионално и државно ниво, беа разгледани и стекнати противпожарни искуства од Италија, Словенија и други држави во Европа и светот при што, преку оваа неформална група претставници на ДПД е планирано да бидат известени речиси сите активни ДПД во државата.

-Работната конструктивна средба беше корисна во поглед на стратешката подготовка за претстојни сезони на пожари, особено за пожари на отворен простор, за конкретна соработка на доброволните противпожарни друштва со ДЗС, за иницијативи и активности за измени и адаптација на одредени непродуктивни делови од закони што се за и во допир со борбата против пожари, за унапредување на техничко-технолошкиот дел на ДПД, како и за тактичкиот оперативен дел за мобилизација и дејство на ДПД, информира ДЗС.

На крајот од работната средба, Ангелов посочи дека во првиот дел од февруари е планирано да се одржи повторно слична работна средба.

Ова е трета работна средба од вкупно четирите такви слични средби со пожарникари во и со ДЗС почнувајќи од јуни, минатата година. До тогаш, според достапните информации, такви работни средби не било забележано дека имало, наведува ДЗС. мч/вг/

фото: ДЗС

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан