• недела, 22 декември 2024

Трета меѓународна конференција „Унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата“

Трета меѓународна конференција „Унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата“

Скопје, 30 мај 2024 (МИА) - Во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), денеска во Скопје ќе се одржи третата меѓународна конференција „Унапредување на безбедноста во сообраќајот на патиштата“.

-Низ презентации на научно-стручни трудови и стручна литература, бројни реномирани домашни и странски експерти од областа на сообраќајот ќе разменат искуства и добри практики на теми кои ги опфаќаат безбедноста на сообраќајот и на учесниците во сообраќајот на патиштата, сообраќајното инженерство и проектирањето, интелигентните транспортни системи и новите технологии, сообраќајната политика и регулативите, националната и меѓународната соработка и многу други теми во функција на подобрување на безбедноста во сообраќајот на патиштата, информираат од РСБСП. дма/вг/

Фото: РСБСП

Остани поврзан