• вторник, 24 декември 2024

Тренчевска: Развојот на човечкиот капитал може да се постигне преку кредибилни секторски политики

Тренчевска: Развојот на човечкиот капитал може да се постигне преку кредибилни секторски политики

Скопје, 14 ноември 2023 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска го отвори тринаесеттиот пленарен состанок на Секторската работна група во областите образование, вработување и социјална политика.

Како што соопшти Министерството за труд и социјална политика, Тренчевска ја објасни целта на секторските политики и на законодавството. Истакна дека тие се насочени кон овозможување на еднакви можности, полесен пристап на пазарот на труд, праведни услови за работа и инклузивност. Посочи дека нивната имплементација е насочена кон создавање на праведна и одржлива економија и подобрување на животниот стандард на граѓаните со фокус на најранливите категории на граѓани.

- Од воведувањето во 2018 година до денес, над 80.000 млади лица се вклучија во Гаранцијата за млади. Показателите за последователно следење покажуваат дека околу 40 отсто од младите кои добиле понуда биле во позитивна ситуација 18 месеци по напуштањето на системот за обезбедување услуги од Гаранцијата за млади, односно се вработени или се вклучени во некоја обука. Позитивните резултати од спроведувањето на Гаранцијата за млади се потстег за понатамошно зајакнато спроведување на активности за поголем опфат на младите лица и нивно вклучување во мерки за вработување согласно нивните потреби, рече Тренчевска.

Во насока на активација на невработените лица, Тренчевска истакна дека на пазарот на труд ќе се продолжи со имплементација на активни мерки и услуги за вработување, одобено опфаќајќи ги најниско квалификуваните лица, корисниците на социјална помош и корисниците на Гарантирана минимална помош.

- Зголемувањето на минималната и просечната плата и сите мерки и заложби што беа преземени имаат влијание врз подобрување на животниот стандард на граѓаните, како и стимулирање на економската активност, продуктивноста на трудот и конкуренцијата. Грижата за животниот стандард на постарите лица е клучна, а пензиите имаат исклучително влијание врз вкупната сиромаштија. Покачувањето на пензиите е согласно новата методологија за раст на пензиите и согласно економските текови, се преземаат мерки за финансиска поддршка на најранливата категорија на пензионери, рече Тренчевска во однос на креирањето на политики и мерки кои се однесуваат  на највозрасната популација во државата.

Министерката Тренчевска повика на споделување на различните ставови и искуства со цел, како што рече, да се креираат политики кои ќе одговараат на сите во државата. мд/нд/

Фото: МТСП 

Остани поврзан