• среда, 15 мај 2024

Тренчевска: Продолжуваме заедно да обезбедуваме пристојни услови за старите лица, домовите да бидат пријатно место за живеење

Тренчевска: Продолжуваме заедно да обезбедуваме пристојни услови за старите лица, домовите да бидат пријатно место за живеење
Скопје, 4 април 2022 (МИА) - Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со Здружението за социјална заштита на стари лица „Се Грижам“, на која е разговарано за измени и дополнување на Правилникот за нормативите и стандардите за простор, опрема, стручни кадри и средства потребни за основање и започнување со работа на установа за социјална заштита за стари лица. Тренчевска посочила дека Министерството ќе работи на прифатливи решенија за надминување на предизвиците со кои се соочуваат домовите кои имаат добиено дозвола за работа за да може да се одржи нивното функционирање. - Во периодот што следи ќе го разгледаме Предлог правилникот на веќе постоечките установи за згрижување на стари лица и ќе обезбедиме временски период на усогласување на домовите со нормите на правилникот за да обезбедиме одржливост на установите, рече Тренчевска. Министерката, како што информираат од прес-службата на МТСП, истакнала дека општите стандарди на сите домови треба да бидат исполнети, со цел да се одржат домовите како пријатни установи кои добро ќе влијаат на психосоцијалниот живот на старите лица. На крајот од средбата, како што се посочува во соопштението, Здружението се заблагодарила за можноста да разговараат за предизвиците со кои се соочуваат приватните установи за стари лица во Република Северна Македонија.​фф/са/

Остани поврзан