• четврток, 19 декември 2024

Тренчевска: Инфлацијата ќе продолжи да се намалува

Тренчевска: Инфлацијата ќе продолжи да се намалува

Скопје, 14 март 2023 (МИА) – Инфлацијата е потсмирена и се намалува. Најважно е што имаме тренд на намалување и тој ќе продолжи и понатаму. Не само мерките за замрзнување на цените и сите други мерки што ги носи Владата се токму во таа насока, рече министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска

Во гостување на ТВ 24 Тренчевска истакна дека се следат состојбите и оти не мора да значи дека мерката нема да продолжи и по утврдениот рок ако економскиот тим на Владата одлучи дека дава ефекти.

Тренчевска е задоволна од одлуката што беше донесена вчера на Економско-социјалниот совет за висината на минималната плата бидејќи, како што истакна, е резултат на системско решение од минатата година кога со измените на Законот за минимална плата беше утврдена нова методологија врз основа на која ќе се зголемуваат платите.

-Токму со ова решение имаме одлука за минимална плата од март 2023 од нето износ 20.175, што значи дека во државата нема да има основна плата под оваа сума. Дури и во услови на криза минималната плата расте. Со минималната плата ќе пораснат и другите плати, онаму каде матичните закони се усогласени со Законот за минимална плата, односно каде во основната плата влегува минималната плата, платите исто така ќе се зголемат за 2.175 денари, рече Тренчевска.лв/ев/

фото/принт скрин

Остани поврзан