• петок, 22 ноември 2024

Тренчевска: Има нови барања од синдикатите, конечниот текст ќе го разгледаме на ЕСС во вторник и ќе го потпишеме договорот

Тренчевска: Има нови барања од синдикатите, конечниот текст ќе го разгледаме на ЕСС во вторник и ќе го потпишеме договорот

Скопје, 14 јули 2023 (МИА) - Министерката за социјална работа и политика, Јованка Тренчевска денеска изјави дека утврово одржале состанок со министерот за финансии и Конфедерацијата на синдикатите и дека синдикатите во меѓувреме поднеле нови барања пред потпишување на Општиот колективен договор. Таа рече дека тие барања ќе бидат разгледани на следниот Економско-социјален совет што ќе се одржува во вторник и ќе биде потпишан договорот.

- Утрово имавме состанок со министерот за финансии и со Конфедерацијата на синдикатите коишто на минатиот состанок се согласија со методологијата и со она што беше договорено, но во меѓувреме излегоа со неколку нови барања. Ќе ги разгледаме и тие барања и очекуваме во вторник да имаме Економнско-социјален совет каде што ќе го разгледаме конечниот текст и ќе го потпишеме општиот колективен договор, истакна Тренчевска.

Додаде дека новите барања се во делот на нивните синдикални организации во делот на образованието и во делот на здравството. 

- До вторник треба да го имаме усогласен текстот на општиот колективен договор, да го разгледаме на Економско-социјалниот совет заедно со социјалните партнери и истиот да биде потпишан, нагласи министерката Тренчевска. сх/аа/

Фото: МИА

 

Остани поврзан