• недела, 22 декември 2024

Тренчевска: Да го оставиме Уставниот суд да си ја заврши работата согласно сопствените надлежности

Тренчевска: Да го оставиме Уставниот суд да си ја заврши работата согласно сопствените надлежности

Скопје, 10 декември 2024 (МИА) - Треба да го оставиме Уставниот суд да си ја заврши својата работа согласно неговите надлежности, изјави денеска пратеничката од СДСМ, Јованка Тренчевска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со последните случувања околу Законот за употреба на јазиците, кој утре е една од точките на дневниот ред на седницата на Уставениот суд, што пак предизвика реакции од ДУИ.

-СДСМ внимателно ја следи состојбата со Законот за употребата на јазиците и закажаната седница на 11 декември на Уставниот суд. Уставниот суд како орган треба да ја штити уставноста на законите, на сите пропис и од тој аспект остро ја осудуваме политизацијата на едно вакво прашање и сметаме дека треба Уставниот суд да си ја заврши работата согласно нивните надлежности, истакна Тренчевска.

LSDM-ja e ka përshëndetur vendimin e Departamentit të Shtetit të SHBA-së për futjen e personave të rinj në listën e zezë, tha deputetja Jovanka Trençevska.  

Таа нагласи дека праксата на поттикнување тензии од одредени политички актери само ги продлабочува проблемите.

-Праксата за поттикнување тензии од одредени политички актери не придонесува за решавање на проблемите, напротив ги продлабочуваат. Одговорноста за иднината на нашата држава е на сите нас, на сите политички партии, на сите актери и затоа сметаме дека треба да оставиме Судот да си ја заврши работата согласно нивните надлежности. Како СДСМ ќе ја следиме целата ситуација и соодветно на случувањата ќе реагираме, рече таа. ац/нд/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан