• недела, 12 мај 2024

Тренерот на Мега очекува тежок натпревар против МЗТ Скопје Аеродром

Тренерот на Мега очекува тежок натпревар против МЗТ Скопје Аеродром

Белград, 11 март 2023 (МИА) - Тренерот на кошаркарите на Мега, Марко Бараќ, изјави денеска дека неговата екипа ја очекува тежок натпревар против МЗТ Скопје Аеродром во рамки на АБА лигата, истакнувајќи дека македонскиот првак во секој натпревар е силно мотивиран.

-Пред нас е исклучително тежок натпревар со противник кој во секој натпревар влегува со огромна мотивација. МЗТ е одлично воден тим, со квалитетни играчи, кој во последно време игра со добра енергија, рече Бараќ пред утрешното гостување на МЗТ Скопје Аеродром во Белград во натпревар од 21. коло во АБА лигата.

Мега е шестопласирана на табелата со скор од девет победи и 11 порази, додека МЗТ Скопје води битка да го избегне последното место (4-16) кое води во понизок ранг следната сезона. ег/вг/

 

Фото: Фејсбук

Остани поврзан