• понеделник, 23 декември 2024

Трајковски го собори македонскиот рекорд во скок во далечина стар 27 години

Трајковски го собори македонскиот рекорд во скок во далечина стар 27 години
Скопје, 14 февруари 2022 (МИА) – Помалку од една недела откако почна да настапува под македонското знаме, Андреас Трајковски го подобри државниот рекорд стар 27 години, прескокнувајќи седум метри и 33 сантиметри на Отвореното првенство на Шведска одржано изминатиот викенд. Роден во Шведска со македонски корени, Трајковски неодамна доби дозвола од Светската атлетска федерација за промена на националните бои и за кратко време го собори рекордот што во 1995 година го постави Тони Дамчески од седум метри и 13 сантиметри Покрај во дисциплината во скок во далечина, Трајковски настапи и на трката на 60 метри, и со резултат во финалето од 6,97секунди го освои четвртото место на Отвореното првенство на Шведска. ег/ар/

Остани поврзан