• недела, 22 декември 2024

Трајанов: Резервиран сум дека Беса ќе се вклучи во ново парламентарно мнозинство

Трајанов: Резервиран сум дека Беса ќе се вклучи во ново парламентарно мнозинство
Скопје, 5 ноември 2021 (МИА) - Беса беше на избори заедно со СДСМ и други политички партии, тие пратеници четири сега дали се потенцијал на Беса или не, тоа никој не може да го процени. И јас порано имав став околу трансферот на пратеници. Партиите што биле со нас на изборите можат да ја менуваат страната полесно, меѓутоа партиите што сме биле заедно мислам дека, тој трансфер да се прифаќа од една страна на друга, не е морално, и за мене тоа е неприфатливо. Тоа го истакна вечерва лидерот на Демократски Сојуз, Павле Трајанов коментирајќи го приклучувањето на Движењето Беса кон новото парламентарно мнозинство со ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, Левица и Алтернатива. Тој во гостување на ТВ21 рече дека сепак одлуката е на партијата. - Имам резерви дека Беса комплетно се приклучува кон ново парламентарно мнозинство, затоа што таму е лидер Биљал Касами, дали тој ја контролира ситуација, претпоставувам дека да, бидејќи се работи за исклучително стабилна личност и вакви пресврти не се очекуваат баш од Беса. Но, се е можо на политичката сцена. Веројатно ќе имаме во текот на утрешниот ден нови , додатни информации, можеби со нови прегрупирања, можно е ова ново парламентарно мнозинство може да се зголеми но може и да останат под 60 пратеници, рече Трајанов. Дополни дека сите опции и можности се отворени, но на крајот, како што рече, сето тоа се одразува на вкупните состојби на бизнисот, економијата, на мерките околу пандемијата, а исто така ќе влијае на евроинтеграциските процеси.фф/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан