• петок, 05 декември 2025

Трајановски најави поддршка на млади претприемачи

Трајановски најави поддршка на млади претприемачи

29 октомври 2025

Младите ќе бидат во фокусот на мојата работа како градоначалник на општина Аеродром, пишува во денешното соопштение на СДСМ - Аеродром од изјава за медиуми на д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на оваа општина, што МИА го пренесува интегрално.

Затоа предвидуваме формирање посебна програма што ќе нуди финансиска поддршка на млади лица до 29 години што сакаат да започнат сопствен бизнис.

Грантови за стартапи до 4 000 евра по апликација.

Обуки за претприемаштво, дигитален маркетинг и бизнис-планирање.

Консултантски услуги за пристапдо национални или европски фондови.

Целта на оваа мерка е да се намали невработеноста кај младите и да се зголеми бројот на активни млади претприемачи.

Драги млади,

Вие сте клучот на промените, затоа на 2 ноември да се избориме за подобра иднина, и за општина која ќе биде Ваш партнер.

СДСМ - Аеродром

Остани поврзан