• петок, 05 декември 2025

Трајановски за Аеродром: Овој пат да гласаме паметно!

Трајановски за Аеродром: Овој пат да гласаме паметно!

Скопје, 5 октомври 2025 (МИА) - Четири години слушаме приказни, а гледаме ништо. Нема нови места за младите, нема средени паркови, нема идеи што ќе го раздвижат Аеродром.  Кој лаже, треба да се казни. Нема за што да им веруваме, ВМРО-ДПМНЕ ја пропушти шансата, вели д-р Александар Трајановски, кандидат за градоначалник на СДСМ за општина Аеродром, стои во соопштението, што МИА го пренесува интегрално.

Време е оваа општинска власт да си замине – тие зборуваат за иднината, а живеат во минатото. 

Аеродром ни треба со енергија, визија и можности – со културни центри, спортски терени, јавни простори каде млад човек ќе може да живее, не само да преживува.

Овој пат да гласаме паметно: доста беше со истите луѓе што само ветуваат. Аеродром заслужува генерација што ќе работи, а не да се правда.

Ве уверувам – нема да чекам последната година за да почнам да работам.

Програмата што ја нудиме нема да остане само на хартија. Ќе ја започнеме веднаш – од првиот ден.

Аеродром нема време за одложувања. Секој ден што поминува без работа е изгубен ден за сите нас.

Центар за комуникации СДСМ

Остани поврзан