• недела, 22 декември 2024

Трајановски: ВМРО-ДПМНЕ се грижи за општественото добро и ќе изгради силни и развиени европски општини

Трајановски: ВМРО-ДПМНЕ се грижи за општественото добро и ќе изгради силни и развиени европски општини
1 јули 2021 
 
Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Коце Трајановски, на вечерашната трибина за локална самоуправа во Гази Баба, истакна дека со СДСМ на власт општините и јавните претпријатија тонат во долгови, ВМРО-ДПМНЕ се грижи за општественото добро и ќе изгради силни и развиени европски општини. -Локалниот економски и регионален развој на општините се едни од фундаментите на европскиот развој, финансиски стабилни, силни и развиени општини и региони се она кон кое тежнее секоја европска држава, но за жал во Република Македонија во 91-та година згаснаа општините им се земаа ингеренции и тие се претворија во помалку од местни заедници, општините кои до 91-та година носеа законски акти и се сведоа на една едноставна единица на управување, ќе напоменам дека тоа го направи Социјалдемократскиот сојуз, а во Градот Скопје ги одземаа аптеките, Градскиот трговски центар, Топлификација, ПУИК со над 15 илјади станови, дури и гробиштата се приватизираа, а сето тоа заради политиките на тогашната власт се' отиде во приватни раце, истакна Трајановски.
Трајановски посочи дека сето тоа во минатото било во рацете на Градот Скопје, а кога СДСМ дојде на власт во 2002 година го зголеми ДДВ-то на јавните претпријатија од 5% на 18%, а со тоа поради политиките на СДСМ јавните претпријатија потонаа во долгови.
СДСМ ветуваше дека ќе даде доволно блок дотации за функционирање на училиштата и градинките, како и дека ќе и вратат долговите на училиштата и градинките, но ништо од тоа не се случи, вели Трајановски.
Тој посочи исто така дека исто како и во минатото и сега власта не се грижи за она што значи општествено добро.
Трајановски порача дека ВМРО-ДПМНЕ на власт се грижи за стабилни и финансиски самостојни општини, како и во минатото така и во иднина ќе допридонесе за развиени општини и грижа за граѓаните и нивните реални потреби.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
__________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан