• понеделник, 13 мај 2024

Трамп: САД веќе ги воведоа новите санкции кон Иран

Трамп: САД веќе ги воведоа новите санкции кон Иран
Вашингтон, 9 јануари 2020 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека САД веќе ги воведоа дополнителните санкции кон Иран, што вчера тој ги најави во говорот пред нацијата, во услови на ескалирање на тензиите со Техеран, јави ДПА. „Веќе е готово, ние ги зголемивме санкциите“, кажа Трамп на настан во Белата куќа, без да дава други детали. -Тие и досега беа многу сериозни, но сега значително се зголемија. Предмалку ги одобрив санкциите заедно со Министерството за финансии, кажа тој, додавајќи дека Белата куќа ќе даде дополнително соопштение, пренесе ДПА. сд/

Остани поврзан