Трамп ќе се обрати утре во Конгресот за првпат во неговиот втор мандат
- Доналд Трамп утре пред Конгресот ќе зборува за својата визија за САД и светот, првпат во вториот претседателски мандат, а во своето обраќање под слоганот „Америка на прво место“, како што е најавено, ќе ја изрази својата намера да го прошири своето влијание врз државниот апарат.

Вашингтон, 3 март 2025 (МИА) - Доналд Трамп утре пред Конгресот ќе зборува за својата визија за САД и светот, првпат во вториот претседателски мандат, а во своето обраќање под слоганот „Америка на прво место“, како што е најавено, ќе ја изрази својата намера да го прошири своето влијание врз државниот апарат.
Говорот на Трамп ќе се одржи во вторник во Капитол во Вашингтон, нешто повеќе од еден месец по неговата инаугурација и повеќе од четири години од 6 јануари 2021 година, кога неговите поддржувачи упаднаа во Конгресот по поразот на Трамп на претседателските избори од Џо Бајден.
Искуството од неговите претходни обраќања во Конгресот покажува дека тој инсистирал членовите на тоа тело да ја усвојат неговата агенда, но тоа нема да го сторат сега, јавија американски медиуми кои нагласуваат дека тој има намера да ја преобликува федералната влада без да мора да се консултира со законодавната гранка, што е отстапување од неговите претходни обраќања до Конгресот, кога тој конкретно побара од пратениците да го поддржат во многу од акциите што сега ги презема еднострано.
Присутни ќе бидат членовите на двата дома на Конгресот - Претставничкиот дом и Сенатот, а се очекува републиканскиот претседател да зборува за мерките преземени во текот на првите 43 дена на функцијата, но особено и за оние што има намера да ги преземе во преостанатите 1.419 дена. зш/
фото ЕПА