Трамп ќе разговара со лидерите на Тајланд и Камбоџа
- Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе разговара со лидерите на Тајланд и Камбоџа, во обид да се стави крај на обновените гранични судири меѓу двете земји.
Вашингтон, 11 декември 2025 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе разговара со лидерите на Тајланд и Камбоџа, во обид да се стави крај на обновените гранични судири меѓу двете земји.
„Мислам дека треба да разговарам со нив утре“, изјави Трамп вчера пред новинарите во Белата куќа.
Еден ден претходно, тој веќе изрази слична намера.
Најмалку 15 лица беа убиени по обновените гранични судири меѓу Тајланд и Камбоџа претходно оваа недела.
Слични судири меѓу Тајланд и Камбоџа веќе избувнаа во јули. Потоа беа запрени со посредство на Трамп, во чие присуство во малезискиот главен град Куала Лумпур, беше потпишан соодветен договор во октомври. мс/ми/
фото: Архива