• четврток, 21 ноември 2024

Трамп: Следува кинеска инвазија на Тајван

Трамп: Следува кинеска инвазија на Тајван
Вашингтон, 2 март 2022 (МИА) - Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Тајван би можел да биде „следниот“ за потенцијална инвазија, бидејќи руско-украинскиот конфликт може да влијае, како што рече, на зголемената агресија на Кина. - Тајван ќе биде следен. Само погледнете го Тајван. Претседателот на Кина со задоволство го одмерува, истакна Трамп, пренесе „Фокс бизнис“. На прашањето кога очекува инвазија на Тајван, Трамп одговори дека тоа го очекува наскоро, бидејќи „тие (Кина) гледаат колку глупаво се однесуваат САД“. - Тие гледаат дека нашите лидери се некомпетентни и секако дека ќе го направат тоа. Сега е нивното време, додаде Трамп. „Фокс њуз“ објави дека висока американска делегација пристигнала вчера во Тајван поради зголемените стравувања дека Кина може да изврши, како што се наведува во текстот, „инвазија“. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан