• четврток, 26 март 2026

Трамп следната недела ќе учествува на Саудиско-американски инвестициски форум во Ријад

Трамп следната недела ќе учествува на Саудиско-американски инвестициски форум во Ријад

Вашингтон, 8 мај 2025 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп на 13 мај ќе учествува на Саудиско-американски инвестициски форум што ќе се одржи во Ријад.

Според американските медиуми истакнати претприемачи како Илон Маск, Марк Закерберг и Лари Финк изразиле интерес за учество на Форумот, додека според неименувани извори на „Араб њуз“ околу 15 саудиски министри и високи функционери, како и извршни директори на некои од најголемите компании и проекти во Кралството, ќе учествуваат на Форумот во Ријад.

Во поканите за настанот се наведува дека Форумот ќе „обезбеди единствена можност за продлабочување на врските, отклучување на нови инвестициски можности и потврдување на долгогодишната економска соработка“.

Воената и безбедносната соработка се од клучно значење и за САД и за Саудиска Арабија, а Форумот има за цел да создаде нови области на партнерство. Предвидено е да бидат потпишани договори во сектори како што се вештачката интелигенција, здравствената заштита и други, со вкупен износ од најмалку 600 милијарди долари.

Трамп на 14 мај во Ријад ќе учествува и на Самитот на земјите од Персиски Залив, а потоа ќе отпатува за главниот град на Катар, Доха. Првото официјално патување од вториот мандат на Трамп ќе заврши на 15 мај во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан