• петок, 12 декември 2025

Трамп сака Украина да го прифати мировниот договор до четврток

Трамп сака Украина да го прифати мировниот договор до четврток

Вашингтон, 21 ноември 2025 (МИА) - Претседателот на САД, Доналд Трамп, во радио интервју изјави дека смета оти четврток е добар рок за Украина да го прифати предлогот поддржан од САД за завршување на војната со Русија.

-Поставив многу рокови, но кога работите ќе одат добро, роковите можат да се продолжат. Но, сметаме дека четврток е добар рок, рече американскиот претседател во емисијата на Брајан Килмид на радио „Фокс њуз“. мс/сд/

фото: ЕПА

Остани поврзан